Утрински Весник
Македонија

СДСМ: На Мицкоски не му е гајле за граѓаните, само тендерите му се во глава

СДСМ: На Мицкоски не му е гајле за граѓаните, само тендерите му се во глава

Христијан Мицкоски деновиве тврди дека бил загрижен, за кризата и нејзините последици врз граѓаните и стопанството, а од друга страна внатре во ВМРО-ДПМНЕ се кара за тендери и провизии, велат од владејачката СДСМ.

dobivaj vesti na viber

Во ВМРО-ДПМНЕ, како што посочуваат, самите се фатија во криминал за тендер од 136 милиони евра и за провизии и со никакви фабрикувани лаги и конструкции, ниту со лажна загриженост за кризата, тоа не можат да го прикријат.

„Мицкоски има шанса да покаже одговорност во време на светска економска и енергетска криза, со своите бизниси со хидроцентрали, кои што се потврдени и официјални документи од институции. Ако навистина е загрижен за енергетиката и за економскиот стандард, тогаш зошто Мицкоски не сака да ја отстапи произведената електрична енергија на граѓаните?“, се истакнува во реакцијата од СДСМ.

Според нив тоа е затоа што на Мицкоски паметот му е во тендерите, не му е гајле за граѓаните.

Можете да прочитате

Јанчев од Левица: Барајте од другите пратеници поддршка за амандманот за прогласување на Кожуф за национален парк

(Видео) Три хеликоптери утрово повторно дејствуваат на пожарот кај Блаце

Денес и утре (понеделник – вторник 7/8 јули) повторно над 40 степени!