Утрински Весник
Свет

Путин: Земјите од ЗНД поддржуваат праведен мултиполарен светски поредок заснован на меѓународното право

Image 2026 10 09 192704505.png

Земјите членки на Заедницата на независни држави (ЗНД) едногласно се залагаат за создавање праведен мултиполарен светски поредок заснован на принципите на меѓународното право и централната улога на Обединетите нации (ОН), изјави рускиот претседател Владимир Путин на средбата во потесен состав со лидерите на земјите членки на Заедницата во туркменистанското одморалиште Аваза, пренесе ТАСС.

Во своето обраќање на состанокот на Советот на шефови на држави одржан на брегот на Каспиското Море, Путин посочи дека ЗНД би можела да постигне уште поголеми успеси доколку продолжи да ги отстранува трговските бариери.


– Можеме ли да напредуваме уште побрзо? Секако дека можеме. Што треба да направиме за тоа? Треба да ги отстрануваме бариерите – истакна рускиот претседател.

Тој додаде дека земјите од ЗНД тесно соработуваат во областа на трговијата, инвестициите и високите технологии и оцени дека стабилната финансиска инфраструктура, независна од надворешни влијанија, им овозможува ефикасно да решаваат бројни актуелни прашања.

– Речиси сите меѓусебни плаќања се вршат во национални валути. Уделот на ваквите плаќања во трговските трансакции меѓу нашите земји надминува 90 проценти. Тоа овозможува продлабочување на економската соработка, независно од надворешните влијанија и пазарните услови – рече Путин.

Тој посочи дека минатата година трговската размена меѓу Русија и земјите од ЗНД надминала 110 милијарди долари, а во првата половина од годинава се зголемила за дополнителни 19 проценти.

– Нашите земји воспоставија ефикасна соработка во спречувањето финансиски и економски прекршоци, перењето пари и корупцијата. Спроведуваме заеднички програми за борба против користењето на дигиталните технологии за криминални цели, организираниот криминал, трговијата со дрога, тероризмот и екстремизмот – истакна рускиот лидер.

Путин нагласи дека Русија отсекогаш се залагала и ќе продолжи да се залага за зајакнување и развој на соработката меѓу земјите во интерес на зачувувањето на екосистемот на Каспискиот регион, обезбедувањето одржлив економски рост и подобрувањето на животниот стандард на населението.

Покрај учеството на самитот на ЗНД и на Каспискиот еколошки форум, Путин одржа и две билатерални средби — со домаќинот, туркменистанскиот претседател Сердар Бердимухамедов, и со иранскиот претседател Масуд Пезешкијан, како и неколку пократки разговори на маргините на двата форума.

Пред да замине од меѓународниот аеродром во Туркменбаши, рускиот претседател ги покани колегите од ЗНД на традиционалната неформална предновогодишна средба во Санкт Петербург на 21 декември, за да разговараат за актуелните прашања и идната соработка.

Можете да прочитате

Голем танкер за превоз на течен нафтен гас погоден и запален јужно од Ормуз

САД воведоа опсежни санкции против Меѓународниот кривичен суд

Ердоган: Газа е претворена во најголемиот концентрационен логор во светот