Утрински Весник
Спорт

Барикело ги откри деталите скандалот во Австрија во 2002 година

Барикело ги откри деталите скандалот во Австрија во 2002 година

Рубенс Барикело, поранешен возач на Ферари, по две децении откри како се чувствувал по трката за Големата награда на Австрија, кога тимот му нареди да му ја подари победата на Михаел Шумахер.

dobivaj vesti na viber

Бразилецот бил лут, но на крајот морал да ги прифати тимските наредби. Како што вели, тоа го направил на свој начин, за целиот свет да може да го види срамот на Ферари.

„Осум круга се расправавме, бев бесен, ме принудија. Им реков „Во ред, ќе го направам тоа, но ќе го направам тоа пред сите“. Во животот треба да ги гледате работите од различни перспективи.Во моментот кога сфатив дека работите нема да се променат и дека нема да ме третираат онака како што заслужувам, го напуштив тимот, си заминав една година пред крајот на мојот договор“, се присети Барикело, кој се пензионираше во 2012 година.

Токму поради овој инцидент ФИА ги укина тимските наредби и одлучи комуникацијата меѓу возачот и тимот да биде јавна, односно да може сите да ја слушнат.

„Излегов од автомобилот и повраќав од лутина. Не можев да поверувам. Сите денес знаат што се случи, но еве, ќе ви кажам. Слично беше и во 2001 година, тогаш Мекларен беше пред мене. Мајкл беше трет, добив инструкции да ги замениме позициите, а потоа ги прашав „Дали би го направиле тоа ако јас бев прв“, тие ми рекоа дека во тој случај нема да бараат од мене да го направам тоа“, откри Барикело за „Flew podcast“.

Публиката во Австрија наместо да слави и аплаудира, ја исвирка победата на Шумахер. ФИА за овој инцидент го казни Ферари со милион долари.



Можете да прочитате

Чави и да не се премисли останува во Барселона

Јокиќ со нов рекорд во НБА

Медведев – Синер е првата полуфинална двојка на Мастерсот во Мајами