Утрински Весник
Македонија

В недела стартува 18.издание на Визер скопски маратон, стартот и целта на добро позната локација

В недела стартува 18.издание на Визер скопски маратон, стартот и целта на добро позната локација

Најпознатиот спортски настан во Македонија, Визер скопски маратон, ќе се оддржи на 2.10.2022 (недела) со препознатливите трки како носители на најголемата и традиционална спортска манифестација, којашто сите љубители на трчањето од земјата и пошироко, со нетрпение ја очекуваат секоја година.

dobivaj vesti na viber

Трките кои секоја година се дел од најомилениот спортски настан во државата – маратонот, полумаратонот, штафетниот маратон, – „ЕУ за спортот“ и трката на 5 км ќе започнат точно во 8:00 часот.

Директорот на Виз Ер Скопски маратон, Кире Синадиновски, на денешната прес-конференција најави дека се менува дел од патеката по која се трчаше изминативе години. Новата патека е измерена од меѓународен лиценциран мерач и се здоби со А сертификат од АИМС и Светската атлетска федерација. Целта е плоштадот „Македонија“ со кој се враќа традиционалниот финиш на патеката по што беше препознатлив маратонот.

Можете да прочитате

ОЈО бара снимки за националистичките скандирања во Куманово

Мицкоски утре на поставување камен темелник на спортска сала во Воената академија

Нови пожари низ Македонија, гори кај Ваксинце, Богомила, Милетино и Церово