Утрински Весник
Македонија

(Видео) Мицкоски: Го повикувам Ковачевски да не дезертира од дуел, како што тоа вообичаено го прави во својот живот

(Видео) Мицкоски: Го повикувам Ковачевски да не дезертира од дуел, како што тоа вообичаено го прави во својот живот

При денешната посета на општина Јегуновце, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р. Христијан Мицкоски, истакна дека владата и Ковачевски повторно молчат и повика уште еднаш на дебата на кој било медиум и кое било време во интерес на вистината и интерес на граѓаните.

dobivaj vesti na viber

„Повторно молк, немаме одговор од Ковачевски, ниту од владата за мојата понуда пред граѓаните јавно да зборуваме бидејќи во овој случај не е важен ниту Димитар Ковачевски, ниту, пак, сум јас важен, ниту кој било од нас е над интересот на граѓаните и државата, и затоа понудив да излеземе јавно, транспарентно, да избере време, да избере медиум, јас таму ќе го чекам. Го повикувам и сега еве овде од Јегуновце да не дезертира бидејќи тоа му е вообичаена практика во неговиот живот. Да не дезертира  овој пат, да излеземе и да се соочиме пред граѓаните па граѓаните нека одлучат кој ја говори вистината а кој не“, нагласи Мицкоски.

Можете да прочитате

Приведено и трето лице за убиството на докоторот пред поликлиниката во Железара

Тројца полициски службеници за несовесно работење во службата заработија кривични пријави 

Кривична пријава заработи лице кое заградило државно замјиште кај Бит Пазар и си наплаќал „арач“