Утрински Весник
Македонија

Ковачевски: Да се обединиме за европска иднина за стремежот за европска Македонија

Ковачевски: Да се обединиме за европска иднина за стремежот за европска Македонија

Претседателот на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски од македонското Собрание денеска повика на обединување на сите чинители околу европскиот пат на државата.

dobivaj vesti na viber

-Нашата земја е соочена со големи предизвици и се наоѓа во пресудни моменти во кои што се одредува нашата иднина. Има потреба од единство, сплотеност, заедништво, лидерство. Тоа го очекуваат нашите граѓани. Тоа ѝ треба на нашата држава и ние сме спремни тоа да го направиме, рече претседателот Ковачевски.

„Како државотворни и одговорни лидери и предводници на сите основачки одлуки за независна, еднаква и евроатланска земја во последните три децении, сметам дека е дојдено време да ги повикам сите општествени чинители, граѓаните, медиумите, невладините организации, академската заедница и политичките партии, посебно парламентарните, да се исправат пред предизвикот на пресудните моменти за заокружување на нашата државност преку полноправно зачленување во Европската Унија. Дојдено е време за заедништво, време е за храброст и за лидерство и ние сме подготвени да подадеме рака, надминувајќи се себеси и теснопартиските интереси. Затоа, првенствено ги повикувам коалиционите партнери со кои што ги донесовме тешките и пресудни одлуки за независност, еднаквост и евроатлантска држава како и опозицијата, да се обединиме околу стремежот за евроинтеграција, стремежот за Европска Македонија. Јас сум убеден и подготвен. И сите ние треба да сме убедени и подготвени“, повика претседателот на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски.

Можете да прочитате

Пуштено во употреба реконструираното Одделение за трауматологија во болницата „Св. Наум Охридски“, инвестирани 230.000 евра

Вработени во „Национални шуми“ овозможиле незаконска сеча на огревни дрва во вредност од 570.000 денари

Левица: Гостивар е цената што ја плаќаме за партизирана држава