Утрински Весник
Економија

МТСП: Септемвриската пензија повисока 6,8 отсто

МТСП: Септемвриската пензија повисока 6,8 отсто

Со септемвриската пензија околу 330 илјади пензионери во државата ќе добијат повисоки пензии за 6,8 отсто во согласност со новата методологија воведена со последните измени во Законот за пензиското и инвалидското осигурување, кои стапија во сила во март 2022 година, информираат од МТСП.

dobivaj vesti na viber

Од таму посочуваат дека новата методологија предвидува усогласување на пензиите со комбиниран модел од 50 отсто пораст на просечната плата на сите вработени во државата и 50 % пораст на трошоци на живот во согласност со официјалните податоци на Државниот завод за статистика.

Усогласувањето ќе се врши двапати во годината, односно во март и септември, што значи ќе ги следи промените во двата индекса за усогласување.

Споредбено со просечната пензија усогласувањето би изгледало вака:

Просечна пензија во јули 2022 година изнесуваше 16.348, а со усогласувањето од 6,8 отсто во септември 2022 година изнесува 17.422 денара (1.074 денари повеќе), информираат од Министерството.

Можете да прочитате

Просечната нето плата во март 44 763 денари, во однос на лани повисока за 10.5 проценти

ВМРО-ДПМНЕ: Стратешкото партнерство со Обединетото Кралство ќе овозможи силен инвестициски циклус

Германска бизнис делегација на средба во Стопанската комора