Утрински Весник
Македонија

Андоновски: Дали Арсовска намерно поништува јавни набавки за важни проекти во Град Скопје?

Андоновски: Дали Арсовска намерно поништува јавни набавки за важни проекти во Град Скопје?

„Оваа година според јавно достапни информации поништени се 31 тендер во рамки на град Скопје и уште 13 во 2021 година кога доаѓа новата администрација во Скопје, и затоа што градоначалничката експлозивно разрешуваше директори заради јавни набавки кои видовме според ЕИБ дека биле согласно правилата и стратегијата за набавки и правени со консултации на банката, прашање е зошто се случуваат овие поништувања од кои дел се за следните проекти во програмата“ прашува советникот од ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Град Скопје – Стефан Андоновски.

dobivaj vesti na viber

Андоновски истакна дека дел од тие проекти се клучка на Булевар Словенија со Булевар Никола Карев, проект за набавка во делот на противпожарната единица на град Скопје, набавка на униформи, кружен тек на влез во Сарај, како и проекти за изградба на улици во Бутел и Карпош.

„Дали сте свесни дека со поништување на овие постапки се случува блокада на град Скопје. Сомнежот е дека намерно се поништуваат затоа што се сакате со промена на комисиите да се влијае во работата на истите односно во избор на најдобар понудувач“ – рече Андоновски.

Можете да прочитате

СДСМ: После толку многу манипулации со изјавите на Мицкоски не може да му се верува

„Вреди“: Го затворивме отпадот на ДУИ, на 19 октомври ќе ги уништиме и неговите фосили

СДСМ: После толку многу манипулации со изјавите – на Мицкоски не може да му се верува