Утрински Весник
Свет

Британски разузнавачи: Русија за првпат употреби ирански беспилотни летала во Украина

Британски разузнавачи: Русија за првпат употреби ирански беспилотни летала во Украина

Русија најверојатно користела беспилотни летала од Иран за првпат во војната против Украина, објави британското Министерство за одбрана.

dobivaj vesti na viber

Ова следи откако Киев објави дека вчера соборила еден од беспилотните летала „Шахид-136“, пренесува „Ројтерс“.

Британското министерство соопшти дека тоа е оружје за „еднонасочни мисии“ и дека веќе било користено на Блискиот Исток.

Соборувањето на беспилотното летало во близина на линијата на фронтот во Украина сугерира дека Русија го користи оружјето како тактичко оружје, наменето да нанесе ограничени жртви на непријателот, наместо како стратешко оружје, за да ги гаѓа воените објекти подлабоко на територијата на Украина, велат британските разузнавачи.

Можете да прочитате

ОПЕК+ го зголемува производството на нафта поради конфликтот на Блискиот Исток

Убиени тројца американски војници во нападот врз Иран

Експлозии во Абу Даби по иранскиот ракетен бран