Утрински Весник
Свет

Офицер убил двајца и ранил едно лице во Тајланд

Офицер убил двајца и ранил едно лице во Тајланд

Офицер отворил оган врз своите соработници на Воениот колеџ во Тајланд рано во средата, при што убил две лица, а ранил уште едно, соопштила војската.

dobivaj vesti na viber

Еден маж починал на местото на настанот, а другиот починал откако бил пренесен во болница, се вели во соопштението на тајландската војска. На ранетиот му била укажана лекарска помош во болница.

Напаѓачот побегнал од местото на настанот, но бил уапсен пред комплексот на командата за обука на армијата, во кој се наоѓа Воениот колеџ, во главниот град Бангкок.

Војската соопштила дека првичните информации укажуваат дека 59-годишниот офицер страдал од стрес и здравствени проблеми.

Војската не соопштила каков вид на огнено оружје е употребено.

Можете да прочитате

Во Франција за четири дена уапсени 55 педофили

Ново правило за летовите до Турција – следи казна ако го направите ова

Белгиското Обвинителство побара одземање на имунитетот на петмина европратеници во врска со случајот „Хуавеј“