Утрински Весник
Спорт

Анчелоти: Касемиро сака нов предизвик и Реал нема да му стои на патот

Трансферот на Касемиро од Реал Мадрид во Манчестер јунајтед може да се смета за сигурен, иако сè уште ништо не е официјално. Бразилецот веќе ги известил клубот и соиграчите за одлуката да си замине и да испроба нов предизвик, откри тренерот Карло Анчелоти.

dobivaj vesti na viber

Италијанецот најави дека Касемиро нема да биде вклучен во составот за пресметката со Селта, додавајќи дека неговото заминување нема да ги промени неговите планови бидејќи има доволно квалитетни играчи во средниот ред.

„Разговарав со него утрово. Тој сака да испроба нов предизвик, нова можност. Јас и клубот го разбираме тоа. Мора да ја почитуваме неговата одлука поради тоа што го направи за овој клуб и затоа што е фантастична личност. Сè уште има разговори, ништо не е официјално, но тој сака да си замине. Му посакуваме сè најдобро во следниот предизвик“, изјави Карло Анчелоти.

Можете да прочитате

Селекторот на македонските кошаркарки Илиевски поднесе оставка

Лазаров: Пред ЕУРО 2026 ќе прифатев ваков исход, но ќе сакав повеќе

(Видео) Со гол во последна секунда Македонија ја победи Романија на ЕП во ракомет