Утрински Весник
Македонија

Петровска: Одлуките за донација на воена помош за Украина се одлуки на суверена и самостојна држава

Одлуките за донација на воена помош и вооружување за Украина се одлуки на суверена и самостојна држава, без оглед на тоа што сме членка на НАТО, и сме дел од колективниот систем на безбедност. Од безбедносни причини тие се класифицирани, изјави денеска министерката за одбрана Славјанка Петровска.

dobivaj vesti na viber

„Од првата одлука до сега се донесени само три одлуки за донација кои се класифицирани од безбедносни причини. Тие содржат внатре детали што и каков вид на опрема и во која количина се донира. Од првата одлука кога ја донесе Владата на својата седница на предлог на Министерството за одбрана, во јавноста беше искомуницирано и соопштено дека носиме одлука за донација и во сите три случаи се следеше тој пример, притоа информацијата која што беше споделена експресно со јавноста е дека донесовме одлука за донација на воена опрема и вооружување за потребите на украинската армија. Детали не беа соопштени од безбедносни причини, но тоа не значи дека кога ќе направиме проценка дека не постои никаков безбедносен ризик тие три одлуки ќе бидат соодветно декласифицирани и јавноста апсолутно ќе знае точно што во која количина и каков вид на опрема и вооружување сме донирале кон Украина“, рече Петровска на новинарско прашање на прес-конференцијата по повод претстојното одбележување Денот на Армијата и јубилејот „30 години Армија“.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ е во сериозна криза и паника, не можат да најдат кандидат за градоначaлник на Скопје

ВРЕДИ: За еден ден, оваа влада направи повеќе за Албанците отколку ДУИ за цел еден мандат

Продор на посвеж воздух од север и ново силно невреме доаѓаат во Македонија!