Утрински Весник
Спорт

Мареј ќе игра за Британија во Дејвис купот

Енди Мареј, поранешен светски рекет број еден и сопственик на три гренд слем титули, во септември ќе игра за Велика Британија во групната фаза на Дејвис купот.

dobivaj vesti na viber

Покрај Мареј, во тимот се и Камерон Нори, Даниел Еванс и Џо Солсбери, најдобриот светски дубл играч. Ривали на Британците во Глазгов ќе бидат Американците, Казахстанците и Холанѓаните.

„Воодушевен сум што повторно ќе бидам дел од тимот. Некои од моите најубави спомени се поврзани со успесите во Дејвис купот. Едвај чекам да играм пред распродадената Арена во Глазгов“, изјави Мареј.

За Мареј ова ќе биде прв натпревар за репрезентацијата по 2019 година. Енди беше најзаслужен што Велика Британија стигна до трофејот во 2015 година и победи на престижниот натпревар по 79- годишен пост.

Можете да прочитате

Зеленортските острови испишаа историја и се пласираа во нокаут фазата на Мундијалот

Ѓорческа во првото коло на Вимблдон против ланската финалистка Анисимова

Еквадорскиот претседател го прогласи денешниот ден за национален празник