Утрински Весник
Свет

Песков: Се уште нема услови за средба меѓу Путин и Зеленски

Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска изјави дека сè уште нема неопходни предуслови за средба меѓу рускиот претседател Владимир Путин и Украинецот Володимир Зеленски и дека во моментов нема разговори меѓу Москва и Киев.

dobivaj vesti na viber

„Украинската делегација на преговарачи, така да се каже, исчезна од радарските екрани. Сега нема разговори. Специјалната воена операција продолжува и ќе продолжи се додека не се постигнат поставените цели“, рече Песков, пренесе агенцијата „ТАС С“.

Русија очекува дека западните земји ќе го искористат своето влијание врз украинските власти за да го прекинат гранатирањето на нуклеарната централа во Запорожје, изјави Песков.

„Очекуваме дека земјите кои имаат апсолутно влијание врз украинското раководство ќе го искористат своето влијание за да се погрижат таквите напади да не се повторат“ – вели тој.

Можете да прочитате

15 работници повредени во фабрика во Јапонија

Двајца убиени во рускиот напад врз Харков

Турција ја зголемува минималната плата