Утрински Весник
Македонија

Почина архитектот Петар Муличкоски – авторот на оригиналната зграда на Владата

Ss2

Денеска, на 93 годишна возраст почина Петар Муличкоски, еден од великаните на македонската архитектура, авторот на оригиналната зграда на Владата, изградена во 1970 година.

dobivaj vesti na viber

Муличковски е автор и на Народна и универзитетска библиотека (НУБ) „Св. Климент Охридски“ од 1971, Спомен-костурницата во Кавадарци од 1974, Стопанска банка во Скопје од 1974 и многу други.

300x250 (7)

Роден 1929-та година во Прилеп, од 1949 до 1957 студира архитектура на Техничкиот факултет во Љубљана. Во 1959 е избран за редовен асистент на Техничкиот факултет во Скопје, а во 1967 за доцент и во 1978 за редовен професор на истиот факултет.

„Посебна преокупација на архитектот Муличкоски претставува архитектонското проектирање во кое внесува нови сознанија како резултат на сестрани истражувања: историски,психолошки, ликовни… Така во делата на Муличкоски покрај сеопфатната градежно-техничка дисциплина , надоградена е уште една креативна снага – уметничката компонента. Оваа особеност е карактеристична за неговите реализирани објекти, користејќи го природниоткарактер на градежните материјали: бетон, стакло, метал, дрво и тула, видливи со својата природна структура, текстура и боја. Карактеристика во делата на Муличкоски е и забележителната интелектуална поврзаност со традицијата и градитеското културно наследство, со очигледен истражувачки напор на авторот како предизвик во барањето оригинални решенија со трајни вредности“ – се вели во неговата биографија на сајтот Македонска архитектура (МАРХ).

Ss1

Можете да прочитате

Нема да се прегласува на трите избирачки места во Куманово каде гласањето беше прекинато

Груби со куфер пред Општина Чаир побара оставка од албанската опозиција, Ганиу му врати дека терапијата од Таравари ќе ја прими на 8 мај

ОБСЕ/ОДИХР со позитивна оценка за изборниот ден, процедурите за гласање се почитувале во голема мера