Утрински Весник
Македонија

214 казни за возачи на мотоцикли

214 казни за возачи на мотоцикли

Во текот на вчерашниот ден (07.08.2022) во периодот од 17.00 до 23.00 часот спроведена е засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 214 возачи.

dobivaj vesti na viber

Од нив, 128 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 39 возеле без возачка дозвола, девет мотоцикли се одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава, а санкционирани се и други прекршоци.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

Можете да прочитате

Сомнителен случај во Скопје: Изваден шраф и олабавени уште три на тркало – добивал и закани две години

Притвор побаран за 19-годишник, со малолетниот брат избоделе дете и возрасен во Чаир

Граѓански организации бараат итно разрешување на директорот на АОПЗ, Далибор Китановиќ