Утрински Весник
Свет

Северна Кореја објави дека нема заразени со ковид, најавени два клучни состаноци наредната недела

Медиумите во Северна Кореја денеска објавија дека во наредните недели државниот врв ќе одржи две клучни средби, од кои едната ќе биде посветена на разгледување на антиепидемиската политика во земјата, иако се тврди дека немало нови случаи на ковид-19 од крајот на јули.

dobivaj vesti na viber

Северна Кореја одлучи да одржи национален состанок на почетокот на август за итен преглед на борбата против епидемијата „за да ја потврди новата ориентација“ на нејзината политика.

Состанокот посветен на борбата против Ковид-19 ќе се одржи откако Северна Кореја минатата недела објави дека сите пациенти со симптоми на вирусна треска закрепнале, што го означува и крајот на првиот бран на пандемијата на коронавирусот што избувна кон средината на мај.

Врховното народно собрание на Северна Кореја (СПА) на 7 септември ќе одржи седница на која ќе разговара за законот за рурален развој и организациски прашања, соопшти официјалната новинска агенција КЦНА, пренесува „Ројтерс“.

Можете да прочитате

Почина патник (33) на летот на Рајанер над Италија, во авионот била и неговата бремена сопруга

Разоткриена британска веб-страница која нудела услуги на сајбер криминалци

Израелски министер: Смртната казна за палестинските затвореници е решение за пренатрупаноста во израелските затвори