Утрински Весник
Магазин

Селена Гомез планира да го напушти Холивуд

Селена Гомез навести дека ќе се прости од Холивуд за да стане мајка.

dobivaj vesti na viber

Говорејќи на подкастот Giving Back Generation, 30-годишната актерка и пејачка ги откри своите планови да му каже збогум на шоубизот и да поминува повеќе време на филантропија и подигање деца.

„Се надевам дека ќе се омажам и ќе станам мајка,“ рече таа.

„Со тек на време, ќе бидам уморна од сето ова, па веројатно ќе го посветам најголемиот дел од мојот живот на филантропијата пред да се смирам.“

Селена исто така откри дека нејзината осумгодишна полусестра Грејси Тифи ја натерала да сака да има свои деца.

„Ја гледам оваа мала личност како расте во човечко суштество. Нема подобро чувство на светот. На некој начин се чувствувам како родител, иако не сум.“

Можете да прочитате

Хороскопски знаци кои никогаш не се задоволни, секогаш бараат „повеќе“

Како правилно да ги перете патиките во машина без да ги оштетите

„Гугл“ воведува измени за корисниците на „Џимејл“