Утрински Весник
Магазин

Кралското семејство ѝ посака среќен роденден на Меган

Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Кралското семејство ѝ го честиташе роденденот на војвотката од Сасекс на социјалните мрежи, споделувајќи нејзини фотографии по овој повод.

dobivaj vesti na viber

Фотографии од нејзината посета во Обединетото Кралство за прославата на платинестиот јубилеј на кралицата беа објавени на официјалните Твитер-профили на принцот од Велс и војводата и војвотката од Кембриџ.

 

Меган во четвртокот го прослави 41. роденден и најверојатно го одбележи големиот ден приватно со својот сопруг принцот Хари  и нивните деца Арчи и Лилибет во Калифорнија каде што живеат.

Официјалниот Твитер профил на Вилијам и Кејт објави фотографија од војвотката која присуствуваше на церемонија во катедралата „Свети Павле“ во јуни, што го одбележа 70-годишното владеење на кралицата.

Меган и Хари започнаа нов живот во славната енклава Монтесито во Калифорнија, купувајќи куќа од повеќе милиони фунти и основајќи непрофитна фондација, откако се повлекоа како членови на кралското семејство во потрага по финансиска слобода.

Можете да прочитате

Три чаеви кои ќе им помогнат на вашите бели дробови во времињата кога воздухот е загаден

Детето не треба да биде „малиот терапевт“ за родителот

Салеп – топол напиток – 24info.mk