Утрински Весник
Македонија

Се судрија „пасат“ и возило на МВР, тешко повреден малолетник

Синоќа во 00.05 часот во Скопје на крстосница од булеварите „Гоце Делчев“ и „Филип Втори Македонски“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пасат“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.Р.(26) од Скопје и патничко возило „шкода јети“, сопственост на МВР.

dobivaj vesti na viber

„По несреќата сите учесници се пренесени во ГОБ „Св.Наум Охридски“, каде што кај малолетен сопатник од возилото „пасат“ му биле констатирани тешки телесни повреди, а на Е.Р. и сопатникот О.Р. (19) од Скопје, како и на еден полициски службеник им биле констатирани телесни повреди“, соопшти полицијата.

Увид извршила екипа на СВР Скопје. Известен е Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди.

Можете да прочитате

Ревизија – контрола или алиби?

ВЛЕН: Давор Мацура директно ги има купено акциите од сватот на Али Ахмети!

Чилиманов: Себеси може да се лажете, народот не! Собраниската архива сведочи!