Утрински Весник
Македонија

(Видео) Македонија донира тенкови во Украина

Македонија донира тенкови од советската ера на Украина, потврди македонското Министерство за одбрана, од каде што велат дека планираат да ја модернизираат сопствената армија за да ги исполнат стандардите на НАТО.

dobivaj vesti na viber

Од Министерството соопштија дека Владата одлучила одреден дел од овие тенковски капацитети да и бидат донирани на Украина, во согласност со потребите на таа земја.

Оттука не го соопштија бројот на тенкови кои ќе ги донираат, но изјавија дека припаѓаат на т.н. третата генерација, а со оглед на развојот на технологијата, неконкурентни и некомпатибилни.

Од Министерството нформираа дека дополнително во наредниот период би требало да се трошат и ресурси за уништување на тенковите, што според нив е нецелисходна активност за нашата Армија.

На социјалните мрежи денеска се споделува видео на кое може да се види транспорт на тенкови, а се наведува дека е снимено во близина на Крива Паланка.

Можете да прочитате

Од невремето 117 оштетени возила и 189 паднати дрвја само во Скопје

ЦУК затрупан со повици – над 8.300 пријави за само четири часа по невремето

УХМР предупредува: Невреме со дожд и силен ветер се приближува кон Македонија