Утрински Весник
Македонија

Кумановец баран со потерница фатен во Велес, при апсењето ги нападнал полицајците

Денеска на улицата Петре Прличко  во Велес полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го привеле Р.Б.(32) од Куманово, со живеалиште во Шуто Оризари, Скопје.

dobivaj vesti na viber

Тој бил баран по централна потерница по наредба на Казнено-поправната установа Затвор Идризово за доиздржување затворска казна од четири години и 10 месеци, а бил осуден на 11 години и еден месец. При апсењето тој физички нападнал двајца полициски службеници, по што бил спроведен во Полициската станица Велес за понатамошна постапка. По документирање на случајот тој ќе биде спроведен во казнено-поправната установа за доиздржување на казната.

Можете да прочитате

Јаневска: Имаме лоша демографија, празните училници се последица на помалиот број раѓања

Јаневска: Децата ќе ги завршуваат обврските од 8 до 16:30 во училиште, дома ќе имаат време за семејството

Јаневска: 252 студенти се одбиени, дел поднеле некомплетна документација