Утрински Весник
Свет

Здравствената состојба на Бајден се подобрува, ковид-симптомите сè полесни, објавил неговиот лекар

Симптомите на американскиот претседател Џозеф Бајден за Ковид-19 се подобруваат и тој сега има помалку болки во грлото и кивање, помалку кашлање и помалку болки во телото. Ова го изјавил неговиот лекар Кевин О’Конор.

dobivaj vesti na viber

Белите дробови на Бајден се сè уште „чисти“, а заситеноста со кислород е сè уште одлична на собниот воздух, рекол тој, пренесе Ројтерс.

О’Конор кажал дека пулсот, крвниот притисок и температурата на Бајден биле во нормални граници.

Тој додал дека американскиот претседател добро ја поднесува терапијата.

Бајден најверојатно ја има многу заразната варијанта БА5, изјавил О’Конор.

Можете да прочитате

Нови ирански напади врз Кувајт, Јордан и Бахреин

Речиси 100 американски војници повредени во ирански напади за две недели

„Рајанер“: Прелиминарната истрага за инцидентот со прозорецот упатува на оштетување на моторот од „туѓ предмет“