Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Едностраната изјава за јазикот дадена од МНР е негација на македонскиот јазик и предавство на нацијата

Едностраната изјава за јазикот дадена од МНР е негација на македонскиот јазик и предавство на нацијата. Изјавата дека македонскиот јазик е јазик кој се заснова на територијата на денешна Република Македонија е груб фалсификат на научната вистина. Македонскиот јазик е јазик кој се заснова и на неговите дијалекти кои се простираат и надвор од Република Македонија. Ова е став на официјалната наука и како таков македонскиот јазик е признаен и од ОН, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

Од партијата додаваат дека дијалектното простирање на македонскиот јазик ги надминува државните граници. Македонскиот јазик е жив јазик и тој се проучува на голем број филолошки катедри низ светот. Власта со ваквата изјава го негира и сака да ја изврти научната вистина.

Дополнително историјата на македонскиот јазик не почнува од 1944 година, кога е кодифициран, туку многу пред тоа. Tоа не го кажува ВМРО-ДПМНЕ тоа е наука и становиште на науката кое е докажано. За овие предавства ќе има одговорност. Ковачевски ќе одговара за носењето на државата во подредена положба, се вели во соопштението.

Можете да прочитате

Украден бакарен лим од кров на црква во Чаир вреден над 150.000 денари

Во сообраќајка кај Виница загина 65-годишен маж, а три лица се повредени

Филипче најави заеднички фронт: Формираме регионална Скопска иницијатива