Утрински Весник
Македонија

Обвинителството изврши увид на опожареното возило на пратеникот од Прилеп

Обвинител од Основното јавно обвинителство Прилеп изврши увид на лице место на локацијата каде во текот на ноќта беше опожарен автомобил во сопственост на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Петар Ристески од Прилеп.

dobivaj vesti na viber

„По наредба на јавниот обвинител беа подигнати траги од лице место кои ќе се вештачат со цел да се утврдат причините за инцидентот. Јавниот обвинител издаде и наредби за обезбедување  евентуални снимки од видеонадзорот на околните објекти во критичниот момент на опожарување на возилото“, информираат од Обвинителството.

Претходно денес на својот фејсбук-профил, информацијата за опожарениот автомобил ја сподели пратеникот од опозицијата, Драган Ковачки. Тој рече дека инцидентот се случува откако Ристески информираше дека ќе гласа против уставните измени. Ковачки обвини дека зад настанот стојат платеници инспирирани од, како што рече, предавничкото раководство на СДСМ.

Можете да прочитате

Целосно реконструирани сместувачките капацитети на Клиниката за пластична хирургија

СДСМ поднесе пријава до ДКСК за тендерите од 9 милиони евра, заедно со сите докази

Четири лица во скопско натепале дедо и негов малолетен внук