Утрински Весник
Свет

Се запали автобус полн со патници на пат кон Црна Гора: Почна да гори во тунелот

Во брза акција, противпожарната единица од Чајетина синоќа спаси автобус полн со патници кој се запали додека се движеше во тунелот, а кој се движеше од правец на Ужице кон црногорското крајбрежје.

dobivaj vesti na viber

„ Пожарот се случил во задниот дел на автобусот, во близина на моторот. Противпожарната служба брзо интервенираше и што е најважно за нас спаси животи и го локализираше пожарот. Во пожарот на возилото е причинета мала материјална штета – потврдија за агенцијата РИНА од противпожарната служба.

Патниците кои се наоѓале во автобусот кој води до омиленото српско море биле брзо евакуирани.

„ Се околу нас беше во чад и тешко се дишеше, само ни рекоа дека мораме веднаш да го напуштиме автобусот и што побрзо да излеземе од тунелот. Ги понесовме сите работи со нас, се плашевме огнот да не се прошири. Поминавме непроспиена ноќ чекајќи да се поправи дефектот за безбедно да стигнеме до крајната точка – изјави еден од патниците за РИНА.

Поради инцидентот што се случи на патот кон Црна Гора, сообраќајот се одвиваше бавно, со пренасочување кон алтернативни правци.

Можете да прочитате

Новата рунда трилатерални преговори со Русија и САД ќе се одржи на 4 и 5 февруари во Абу Даби

Најмалку 16 лица загинаа во две одвоени сообраќајни несреќи во Турција

Трамп: Најновите документи за Епстин ме ослободуваат од обвинувањата