Утрински Весник
Македонија

Не се мешаме во внатрешните работи на Северна Македонија, реагира руската амбасада по изјавите на Пендаровски

Ние го почитуваме било кој избор на македонскиот народ, подготвени сме и понатаму да ја градиме нашата соработка заснована токму на ваквата основа – на меѓусебно почитување и еднаквост се вели во рекацијата на руската амбасада во земјава поврзана со последните изјави на претседателот Стево Пендаровски во двете последни интервјуа.

dobivaj vesti na viber

– Обрнавме внимание на изјавите на Претседателот на Република Северна Македонија г-дин Стево Пендаровски во интервју за ТВ каналот „ТВ 21“ на 8 јули и за весникот „Етнос“ на 10 јули во врска со деjствата на Русија во РСМ и во балканскиот регион во целина. Ги отфрламе обвинувањата упатени против нашата земја – Русија не се мешала, не се меша и нема намера да се меша во внатрешните работи на која било држава, вклучително и Северна Македонија, – и покрај тоа што се обидуваат да ја фатат со ова. Ова е во спротивност со самата филозофија на руската надворешна политика. Добро е познато дека ваквите обиди никогаш не го носат посакуваниот ефект и на крајот ги дискредитираат оние кои прибегнуваат кон такви методи се вели во реакцијата на Амбасада на Русија.

Пендаровски во интервјуто изјави дека Русија продолжува да ги произведува најсериозните хибридни закани во балканскиот регион, вклучително и политичка пропаганда и кампањи за дезинформација.

„Во Северна Македонија, нивната комплексност и интензитет се исти како оние во 2018 година, за време на референдумот по Договорот од Преспа. Немам целосни сознанија за останатите земји, но неколкуте кревки точки во регионот и се добро познати на Москва и таа секако се обидува да пенетрира“, рече Пендаровски во интервјуто за „Етнос“.

Можете да прочитате

Нов пожар во Желино, се гасне со два авиони

Петрушевски: Кога СДС повторно лажно ќе прашаат за истрагата за Кочани, нека погледнат накај главниот обвинител Коцевски

СДСМ: Има ли „Алказар Енерџи”одобрение за градба или не, каков е бизнис интересот на Божиновска и Мицкоски?