Утрински Весник
Македонија

Седми ден протест против францускиот предлог

Од Владата преку Министерството за правда и до Собранието вечерва по седми пат се одржува протестот против францускиот предлог.

dobivaj vesti na viber

Неколку илјади граѓани и вечерва се собраа да ја пренесат пораката „Ултиматум- Не благодарам“.

Со македонски знамиња и со транспаренти на кои пишува „Сепак ние ќе победиме“, „Стоп за бугаризација“, „Со фашисти не преговараме“ и слични пораки демонстрантите стигнаа пред Собранието.

„Треба цела Македонија да се крене на нозе. Се обидувам да разберам зошто воопшто да преговараме кога и онака 15 години нема да влеземе во Европската унија. Не сакам да преговарам за нешто што е мое. Не сакам да ме нарекуваат Северомакедонка“, порача актерката Весна Петрушевска која беше дел од говорниците.

Протестите продолжуваат и утре.

Можете да прочитате

Муцунски во работна посета на Германија, Обединетото Кралство и Ирска

Уапсен 18-годишник по предизвикан хаос од Василево до Богданци

Николоски: Од 2 јули нова директна линија Анкара- Скопје и карго железничко поврзување меѓу Македонија и Турција