Утрински Весник
Македонија

Спасен македонски државјанин на Халкидики, се трага по уште две лица

Македонски државјанин на 25-годишна возраст е спасен, а по уште две лица се трага во Посиди на Халкидики.

dobivaj vesti na viber

Како што пишува „Еуроњуз“ трите лица се капеле на плажа, кога силните струи ги повлекле и постепено исчезнале од видното поле на останатите.

Спасувачите го лоцирале едното момче кое, како што раскажуваат очевидците, испило многу вода и било пренесно во болница, но по укажаната прва помош опасноста била избегната.

Акцијата ја отежнуваат неповолните временски услови и силниот ветер, пишуваат локалните медиуми. Во спасувачката акција учествуваат брод на крајбрежната стража, хеликоптер на воздухопловните сили, рибарски брод и волонтери од грчкиот спасувачки тим.

Можете да прочитате

Скопјанка се обидела да избега од Црна Гора откако усмртила куче, уапсена на граница

Претседателот на опозициската турска партија му честиташе на Зејнула за министерската функција

Мистериозна бела пена во Вардар – се испитува дали станува збор за опасна материја