Утрински Весник
Свет

Претседателот на Шри Ланка го моли Путин за помош, за увоз на гориво

Dik 300x250 mk

Претседателот на Шри Ланка, Готабаја Рајапакса вели дека го замолил рускиот претседател Владимир Путин за помош за неговата земја да увезе гориво. Шри Ланка моментно се наоѓа во најголема економска криза уште од кога имаат независност, од 1948 година.

dobivaj vesti na viber

Рајапакса вели дека имал продуктивен разговор со Путин. Разговарале откако министерот за енергетика на Шри Ланка викендов предупреди дека земјата наскоро би можела да остане без готиво, пишува „BBC“.

Вчера стотина луѓе излегле на улиците во главниот град за да протестираат против владата.

„Го замолив Путин за кредитна поддршка за увоз на гориво. Понизно побарав летовите меѓу Моксва и Коломбо да продолжат. Едногласно се сложивме да ги зајакнеме билатералните односи во секторите туризам, трговија и култура, но најважно е пријателството кое го делат нашите нации“ објави Рајапакса на Твитер.

Недостигот на гориво, струја и храна во Шри Ланка трае со години, а во неделата министерот за енергетика изјавил дека на земјата и останал бензин доволен за само уште еден ден.

Можете да прочитате

Трамп заигра во Малезија: Американскиот претседател ги изненади сите со својот танц

ВОЗНЕМИРУВАЧКА СНИМКА од бруталното претепување до смрт во Ново Место – Словенија на нозе, паднаа оставки, се бараат радикални мерки

Кукла на Нетанјаху обесена на кран во Трабзон