Утрински Весник
Свет

Поранешен израелски разузнавач предвидува распад на НАТО

Поранешниот израелски разузнавач Јаков Кедми тврди дека пактот за НАТО ќе се распадне.

dobivaj vesti na viber

Тој нагласи дека Северноатлантската алијанса треба да исчезне поради нејзината бескорисност. Како воена сила таа (НАТО) не претставува ништо, убеден е Кедми.

„ НАТО е организација која може само да ги комплицира односите и да ги вовлече САД во конфликт што тие не го сакаат. НАТО не може да им помогне на САД“, изјавил Јаков Кедми за „Воение дело“.

Поранешниот разузнавач забележува дека е сосема бесмислено Вашингтон да развива и финансира сериозни воени бази на НАТО, на пример, во Норвешка или Финска, бидејќи овие европски бази сè уште нема да можат да ги заштитат Вашингтон, Њујорк или Лос Анџелес од руски напад.

Можете да прочитате

„Гардијан“: Русија губи 6.000 војници повеќе во Украина секој месец отколку што регрутира

Во Сеута останаа 5.000 мигранти, од кои 1.500 малолетни лица

САД потпишаа договор за нафта со Венецуела