Утрински Весник
Свет

Чешка денеска го презема претседавањето со ЕУ: Украина, климатската криза и мигрантите во фокусот на агендата

Чешка денеска го започнува шестмесечното претседавање со Советот на ЕУ, а според најавите од Прага, главниот фокус на европската агенда до крајот на годината ќе биде на решавање на последиците од конфликтот во Украина, почнувајќи од мигрантската криза, преку енергетската безбедност и зајакнувањето на одбраната и економијата на ЕУ.

Претставниците на ЕУ веќе најавија дека за време на чешкото претседателство се очекува првиот состанок на европската политичка заедница во Прага, како нов формат за паневропска соработка, во кој за првпат лидерите на земјите-членки на ЕУ, Европската економска област и Западен Балкан треба да седнат на иста маса и Украина, Молдавија и Грузија.

„ Европа во моментов се соочува со многу проблеми и предизвици, но ако дејствуваме со единство и одлучност, ќе излеземе посилни и поотпорни од овие кризи – изјави чешкиот премиер Пер Фиала пред почетокот на претседателствувањето на неговата земја.

Инаку, ова е второ претседавање на Чешка со Советот на ЕУ, во текот на 18-те години членство во Унијата.

Можете да прочитате

Нетанјаху: Барањата на Ганц ќе доведат до пораз и создавање на палестинска држава

Членот на израелскиот воен кабинет Ганц најави заминување од Владата ако до 8 јуни не биде усвоен новиот воен план

ИДФ апелира Палестинците од крајбрежните населби да се евакуираат во северниот дел на Газа