Утрински Весник
Македонија

Заеднички отворен настан на гардата на АРМ и кралската гарда на Кралството Норвешка

Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Со почеток во 11.30 часот, денеска на плоштадот „Македонија“ во центарот на Скопје ќе се реализира отворен настан на гардата на Армијата на Република Северна Македонија и кралската гарда на Кралството Норвешка.

На отворениот настан, кој е дел од предвидените меѓуармиски активности за одбележување на јубилејот 30 години од формирањето на Армијата, граѓаните ќе имаат можност да проследат ефективни точки во изведба на кралската гарда на Кралството Норвешка која за прв пат настапува кај нас.

Настапот на гардистите ќе биде проследен од началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски и началникот на Вооружените сили на Кралството Норвешка, генерал Еjрик Кристоферсен кој се наоѓа во официјална посета на нашата држава, Амбасадорот на Кралството Норвешка, Јорн Еугене Гјелстад, генералите во Армијата, припадници од Министерството за одбрана и Генералштабот и од Амбасадата на Кралството Норвешка.

Ова ќе биде единствена ваква можност граѓаните да се запознаат со ефективен перформанс на гардистите од кралската гарда на Норвешка како егзерцир и други акробатски точки со воено оружје, со кои гардата е позната во светски рамки.

Можете да прочитате

ЦУК: Сообраќајки, замрзнати улици, активиран Кризен штаб по падот на температурите

Мицкоски: Од новиот државен јавен обвинител очекувам немилосрдно да застане на страната на правдата

Попладнево блокада на граничниот премин Евзони за сите возила за влез и излез од Грција