Утрински Весник
Свет

Еден Британец убиен, а друг исчезнат во Украина

Британските медиуми објавија дека Британецот Скот Сибли е убиен во Украина, а исчезнал уште еден Британец, чие име „Скај њуз“ не го спомна.

Сибли имал 36 години, а медиумите пренесуваат дека се верува дека тој е еден од војниците доброволци кои им се приклучиле на украинските сили во борбата против руската армија.

Сепак, тоа не е потврдено, бидејќи многу Британци заминаа во Украина за да обезбедат хуманитарна помош.

Британската канцеларија за надворешни работи, Комонвелт и развој потврди дека британски државјанин е убиен во Украина, но не соопштија детали што направил таму.

Сибли беше ветеран на британските вооружени сили, а неговиот поранешен полк се прости од него преку официјалната веб-страница.

– Свесни сме дека британскиот државјанин исчезна во Украина и му даваме поддршка на неговото семејство. Бараме дополнителни информации – изјави портпаролот на ФКДО.

Немаше детали кога е убиен Сибли и кога исчезна другиот човек.

Можете да прочитате

Масовните протести во Франција влегуваат во четвртиот викенд

Маж уапсен со оружје во близина на Белата куќа по наводна закана кон Трамп

САД нудат награда од 20 милиони долари за информации за иранската нуклеарна програма