Утрински Весник
Свет

Милановиќ: Влезот на Финска во НАТО е опасно шарлатанство

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ изјави дека Финска и Шведска не можат да влезат во НАТО додека не се смени изборниот закон во БиХ.

„ Хрватскиот парламент не смее да ратификува ничиј пристап кон НАТО додека не се смени изборниот закон во БиХ“, нагласи тој.

Милановиќ им рече на новинарите дека може да се разговара за влезот на Финска и Шведска во НАТО, но смета дека тоа е „многу опасна авантура“. Финска и Шведска заеднички ќе изразат желба за влез во НАТО во мај, објавија вчера финскиот весник „Илталехти“ и шведскиот весник „Експресен“, повикувајќи се на извори блиски до ова прашање.

И покрај поблиската соработка со воената алијанса откако Русија го анектираше Крим, скандинавските земји решија да останат неутрални во тоа време, но неодамнешната руска инвазија на Украина предизвика остра пресвртница кај нив. Милановиќ потсети дека не може формално да одлучува за формален влез на тие земји во НАТО, но тоа го смета за „многу опасно шарлатанство“.

„ Што се однесува до мене, нека влезат во НАТО, нека и забодат нож на бесната мечка во очи. Но додека не се реши прашањето за изборниот закон во БиХ, додека Американците, Англичаните, Германците, ако можат и сакаат, не ги принудат Сараевчани и Бакир Изетбеговиќ да го сменат изборниот закон во следните шест месеци и да не им дадат основни права на Хрватите, парламентот не смее да ратификува ничиј прием во НАТО“, рече хрватскиот претседател.

Можете да прочитате

Трамп стигна во Британија, а лабораторијата GSK веднаш објави инвестиции од 30 милијарди долари во САД

Катар: Нетанјаху нема да остане неказнет

Орбан: Шведска се одјави од цивилизацијата, мафијата искористила 284 малолетнички за да извршат убиство