Утрински Весник
Спорт

Швјонтек е незапирлива – четири ВТА титули во низа и ново Порше

Швјонтек е незапирлива – четири ВТА титули во низа и ново Порше

Светската тенисерка број 1, Полјачката Ига Швјонтек продолжи со својата неверојатна победничка серија, триумфирајќи со 6:2/6:2 над Белорусинката Арина Сабаленка во финалето на Штутгарт опен за да ја освои својата четврта титула едноподруго.

Швјонтек немаше проблеми и за час и 25 минути игра беше подобра од четврторангираната тенисерка на светот, за своја 23. победа едноподруго, а со освоените поени ќе има предност од над 2.000 поени на ВТА листата која ќе биде објавена во понеделник.

20-годишната Швјонтек, која стана првата Полјачка со гренд слем титула со минатогодишниот триумф на Ролан Гарос, дебитираше на турнирот во Штутгарт, и како награда, покрај наградниот фонд доби и нов модел на Порше, главниот спонзор на германскиот турнир.

> Швјонтек е незапирлива – четири ВТА титули во низа и ново Порше <

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина