Утрински Весник
Магазин

Идрис Елба: Мислам дека сум престар за 007

Идрис Елба: Мислам дека сум престар за 007

Британскиот актер Идрис Елба смета дека е веројатно премногу стар за да го глуми Џејмс Бонд.

49-годишниот актер претходно медиумите го споменуваа како можна замена за Даниел Крег, но Идрис сега мисли дека неговиот прозорец на можности можеби е веќе затворен.

Запрашан за можноста да биде Бонд, Идрис објасни: „Оваа година ќе наполнам 50 години. Да речеме дека сте се пријавиле за три филма – никој не сака да го гледа Бонд како брка или тепа момци кога има 60. Веројатно сум премногу стар за да ја преземам улогата сега“.

И покрај ова, актерот роден во Лондон сепак би сакал еден ден да се појави во филм за 007.

Во интервју за „Сан он сандеј“, тој вели: „Ако има шанса да се вклучам и улогата да ми одговара, зошто да не? Би било супер да се биде негативец во филм за Џејсм Бонд“.

Можете да прочитате

Кинопремиери на српскиот документарец „Југото оди во Америка“

Во Кина изграден лифт на отворено, висок 288 метри, што ќе им помогне на децата побрзо да стигнат на училиште

Џорџ Клуни доби „Златен лав” за животно дело во Венеција