Утрински Весник
Македонија

Посетата на Мицкоски на Унгарија отвора сомнежи за случаите кои се водат против Груевски, велат од СДСМ

Посетата на Мицкоски на Унгарија отвора сомнежи за случаите кои се водат против Груевски, велат од СДСМ

Очигледно е дека Христијан Мицкоски, е по нови насоки и задачи кај неговиот шеф и ментор, Никола Груевски, изјави на прес-конференција портпаролот и пратеник на СДСМ, Дарко Каевски.

Според владејачката партија, посетата на Мицкоски на Унгарија отвора сериозни сомнежи и во врска со повеќе судски случаи кои се водат во земјава против Никола Груевски и поранешното раководство на ВМРО-ДПМНЕ.

„Дали Груевски му ја кажа стратегијата на Мицкоски за одбраната во случајот „Плацови на Водно“ ? Во овој судски предмет, Груевски е обвинет за сторено кривично дело „перење пари“ и „противправно стекнување и прикривање имот“. Со честите посети на Будимпешта во клучни периоди се покажува дека единствена цел на Мицкоски е да го одбрани криминалот на Никола Груевски“, рече Каевски.

Од СДСМ велат дека затоа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ги кочат измените на Законот за Академија за судии и јавни обвинители, и се противеа на носењето на Законот за јавно обвинителство.

Првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вчера објави дека заминал за Унгарија по повод парламентарните избори во земјата. Според објавата, тој ноќта ја помина во штабот на премиерот, Виктор Орбан во исчекување на резултатите од гласањето.

Можете да прочитате

Филипче: Глигоров има историски заслуги за независноста по мирен пат

Мистериозна смрт во Битола: Пред да биде пронајден мртов, камера снимила како човек го влече струмичанецот по Широк Сокак

АХВ: Потврдени три позитивни случаи на вирусот на Западнонилска треска кај угинати гаврани