Утрински Весник
Македонија

Полициските униформи ќе имаат двојазични ознаки

Полициските униформи ќе имаат двојазични ознаки

На денешната седница Владата ја донесе Уредбата за униформата и ознаките на униформата на полицијата.

Како што информираат од владината прес-служба, оваа уредба е донесена врз основа на Законот за употреба на јазиците.

„Според член 8 став (3) е утврдено дека униформите на полицијата во Скопје и во општините во кои најмалку 20% од граѓаните зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик, се напишани на македонски јазик и неговото кирилско писмо, како и на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните во Република Северна Македонија и неговото писмо“, се наведува во соопштението.

Во него се додава дека оваа уредба влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во Службен весник, а ќе отпочне да се применува во текот на една година од денот на влегувањето во сила.

Ова го потврди и вицепремиерот и министер за политички систем, Артан Груби, кој преку социјалните мрежи потврди дека Владата донела одлука на полициските униформи во иднина покрај на македонски да стои натпис и на албански јазик.

Можете да прочитате

Шест нови случаи на западнонилска треска за еден ден, вирусот стигна и во Куманово

Ангелов: Изгаснат е пожарот кој излезе надвор од кавадаречката депонија, интезивно се работи на нејзино затрупување

Мицкоски за „Брајтбарт њуз“: Направивме многу отстапки за ЕУ, но, за жал, нè предадоа и нè излажаа