Утрински Весник
Спорт

Гигс за Занети: Најтежок можен противник, еднаш ми го скрши носот

Гигс за Занети: Најтежок можен противник, еднаш ми го скрши носот

Рајан Гигс, фудбалерот со најмногу настапи за Манчестер јунајтед, две децении беше активен како играч. Тој во едно интервју открил кој му бил најтешкиот противник.

„Тврди играч. Еднаш во Лигата на шампионите ми го скрши носот. Навистина имаше се што треба да има еден врвен фудбалер. Хавиер Занети е најтешкиот противник што сум го имал во кариерата. Секогаш многу трчаше. Знаеше да се брани, а имаше техника како играч од редот за врска“, рекол Гигс.

Велшанецот за Манчестер јунајтед одиграл 963 натпревари, постигнал 168 голови.

> Гигс за Занети: Најтежок можен противник, еднаш ми го скрши носот <

Можете да прочитате

Над 1.000 македонски навивачи ќе ја бодрат репрезентацијата во Копенхаген

На 18 април стартува новата сезона на Шампионатот во рели со историски возила

УЕФА ја откажа Финалисима 2026