Утрински Весник
Македонија

Покрај затворската казна, Јанакиески доби и домашен притвор

Покрај затворската казна, Јанакиески доби и домашен притвор

На Миле Јанакиески кој доби највисока казна во “Титаник” одреден му е куќен притвор. Одлуката, судијата Осман Шабани ја донесе бидејќи Јанакиевски би можел да избег, според тврдењата на обвинителката Лиле Стефанова.

„ Се определува мерка куќен притвор до правосилноста на предудата. Се забранува да го напушта местото каде ќе се спроведува мерката односно домот. Ако не се придржува кон забраната ќе има мерка притвор. Полицијата ќе го проверува без најава. Се имаа во предвид кривичното дело, штетноста, осудуваноста, како и висината на казната. Судот смета дека околностите се доволни. Материјалните прилики дека тој нема редовен работен однос исто така умажува на ова”, кажа судијата.

Иако одбранта на Јанакиески се противеше на барањето, судот сепак, беше дециден дека мерката ќе му биде одредена.

Претходно, на Јанакиески му беше одредена казна затвор од 4,6 години затвор. Правосилноста на пресудата ќе треба да ја чека дома.

Можете да прочитате

Уапсена кичевчанка: Во алкохолизирана состојба ја нападнала малолетната ќерка

Десет осуденици во Македонија казната ја издржуваат со електронска алка

Сексуален напад во Затворот во Штип: Осуденик пријавил дека бил силуван од друг затвореник