Утрински Весник
Свет

Членките на ЕУ поделени околу приемот на Украина

Членките на ЕУ поделени околу приемот на Украина

Меѓу 27-те земји членки на ЕУ има поделеност околу проширувањето на Унијата, откако Киев денеска побара итно членство.

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел изјави дека во ЕУ има различни ставови и чувствителност во однос на проширувањето.

Тој образложи дека Киев ќе треба да поднесе формална апликација за пристапување, по што земјите-членки ќе треба да излезат со едногласна позиција.

Украинскиот претседател Зеленски денеска во екот на руската инвазија на ЕУ денеска побара итен прием на Украина во Унијата, според нова, специјална процедура.

 

 

Можете да прочитате

САД потпишаа договор за нафта со Венецуела

Руски напад во близина на Киев, најмалку 27 мртви

Над 600 мртви во Непал и Кина, илјадници се уште се водат како исчезнати