Утрински Весник
Свет

Заложничка драма во продавница на „Епл“ во Амстердам

Заложничка драма во продавница на „Епл“ во Амстердам

Полицијата и другите служби за итни случаи во Амстердам излегле на местото на настанот поради заложничката ситуација во продавницата на „Епл“, јавуваат локалните медиуми и очевидци.

Снимките на социјалните мрежи покажуваат како вооружен маж држи едно лице зад стаклото од продавницата, наводно вработен во „Епл“, и мавта со пиштол. Службите за итни случаи се на местото на настанот и на луѓето им е кажано да се оддалечат.

„Полициската акција е во тек поради повик од продавница на Лајдсеплејн“, кусо соопшти полицијата во Амстердам. Според локалната телевизија, очевидци изјавиле дека го чуле пукањето.

„Во продавницата има лице со огнено оружје… распоредени се силни полициски и специјални сили за да ја стават ситуацијата под контрола“, објави полицијата во Амстердам на „Твитер“.

Можете да прочитате

ЕУ: Ќе продолжиме да ја поддржуваме Украина и нема да ги укинеме санкциите кон Русија

Три деца и наставник убиени во напад на училиште во САД

Трамп го спореди Зеленски со основач на патувачки циркус