Утрински Весник
Спорт
Img 7972

Кирјос и Кокинакис го елиминираа најдобриот дубл во светот

Кирјос и Кокинакис го елиминираа најдобриот дубл во светот
300x250 opst2

Ник Кријос и Танасис Кокинакис, од Австралија опен, успеаја да го елиминираат најдобриот дубл во светот. Хрватите Мате Павиќ и Никола Мектиќ, го положија оружјето пред двоецот, кој на турнирот влезе со специјална покана од организаторот.

Австралиците, подобро се снајдоа во ревијата на брејкови, во првиот сет. Изборија и потоа го добија трај-брејкот, и покрај тоа што Хрватите водеа со 2:4. На крајот Кирјос и Кокинакис ја искористија четвртата сет топка.

Во вториот сет, еден брејк им беше доволен за конечен триумф, него го направија во шестиот гем.

„Играа многу добро, ќе биде тешко да се победат. Ние не успеавме“, рекол Мате Павиќ, а потоа го коментирал однесувањето на публиката.

„Гласни се и секако дека навиваат за своите. Но нема да ги „убие“, доколку покажат малку почит и кон противниците, кон другите играчи. Видовме како беше во мечот Кирјос-Медведев. Такви се во Мелбурн, навикнати сме, но како што кажав, би можеле да покажат малку почит“.

> Кирјос и Кокинакис го елиминираа најдобриот дубл во светот <

Можете да прочитате

Хамилтон собори рекорд на Михаел Шумахер

Миовски: Ние играме како тим и го докажавме тоа

Ѓоковиќ избори четвртфинале на Мастерсот во Шангај