Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Пендаровски-Абдрахманов: Северна Македонија е позитивен пример на функционална мултиетничка демократија

Пендаровски-Абдрахманов: Северна Македонија е позитивен пример на функционална мултиетничка демократија
300x250 opst2

Република Северна Македонија е позитивен пример на функционална мултиетничка демократија во однос на почитувањето и унапредувањето на правата на различните заедници, како и во пристапот на градење толеранција и доверба, во согласност со вредностите и заложбите на ОБСЕ. Ова го истакна претседателот Стево Пендаровски на средбата со амбасадорот Каират Абдрахманов, висок комесар на ОБСЕ за национални малцинства.

 

Пендаровски додаде дека во Македонија има значителен исчекор во унапредување на јазичните права на немнозинските заедници, а во однос на родовите прашања има повеќе програми на кои активно се работи, во процесите на креирање на политики и донесување на одлуки и нивното влијание на родовата еднаквост во земјава.

На средбата беа разменети мислења за тековните подготовки за претседателството на Северна Македонија со ОБСЕ во 2023 година. Претседателот истакна дека земјава планира да ги промовира приоритетите кои се од заеднички интерес, одразувајќи ја визијата на земјите-членки на ОБСЕ, водена од принципите на оваа организација. Во таа насока, Северна Македонија ќе има блиска соработка и со Високиот комесар за национални малцинства, работејќи на унапредувањето на човековите права и правата на немнозинските заедници.

Пендаровски на средбата ја истакна долгогодишната соработка со ОБСЕ и поддршката во унапредување на демократските реформи, што е од големо значење во контекст на аспирациите на државата за членство во Европската Унија.

Можете да прочитате

ДИЗ: Инспекциски контроли кај извозникот, откупувачите и производителите, црвените пиперки не се вратени во Македонија

20 годишна кумановка излетала со „Јагуар“ од автопат, тешко повредена сопатничка (19)

17-годишен ученик избоден 15-годишен ученик – Тежок инцидент во средно училиште во Кичево