Утрински Весник
Свет

Си-ен-ен: Папата Бенедикт XVI знаел за злоупотребата на деца во Црквата

Си-ен-ен: Папата Бенедикт XVI знаел за злоупотребата на деца во Црквата
Ss2

Папата Бенедикт Шеснаесетти знаел за свештеници кои злоупотребиле деца додека тој бил надбискуп во Минхен од 1977 до 1981 година, се заклучува денеска во извештајот за таа надбискупија, во кој, според Си-ен-ен, се отфрла долгогодишното негирање на Бенедикт.

„Тој бил информиран за фактите. Сметаме дека тој може да биде обвинет за недолично однесување во четири случаи“, изјави адвокатот Мартин Пуш во Минхен, член на комисијата која ги објави резултатите од истрагата.

300x250 (7)

Тој додава дека два од наведените четири случаи се однесуваат на злоупотреби направени за време на неговиот мандат и биле санкционирани од државата.

Сепак, Бенедикт продолжува да ги негира наводите, изјавија адвокатите од фирмата „Вестфал Спилкер Вастл“ додека ги откриваа наодите од нивната истрага за сексуалната злоупотреба во надбискупијата во Минхен, која траела со децении.

Адвокатот Пуш рече дека за време на мандатот на папата Бенедикт XVI имало случаи на злоупотреба и дека сторителите на тие дела продолжиле да работат без никакви санкции во службата.

„Тој тврди дека не знаел за одредени факти, иако, според она што ние го знаеме, сметаме дека тоа не е така“, рече Пуш.

Ss1

Можете да прочитате

Во Германија уапсени малолетни исламисти, откриено кои градови им биле цел

Американскиот Конгрес ја прошири дефиницијата за антисемитизам

Земјотрес со јачина од 5,9 степени според Рихтер ги погоди Филипините