Утрински Весник
Магазин

Елтон Џон ја продолжува светската турнеја по двегодишна пауза

Елтон Џон ја продолжува светската турнеја по двегодишна пауза
Ss2

Елтон Џон конечно излезе на сцената за да ја продолжи турнејата Farewell Yellow Brick Road со настап во Њу Орлеанс речиси две години откако го прекина патувањето низ светот поради Ковид-19 и операција на колкот.

Британската легенда ја продолжи својата турнеја по речиси двегодишна пауза со настап во „Смути кинг“ центарот во Њу Орлеанс во средата, 19 јануари.

Ss1

Ова беше првиот целосен концерт на легендарниот рокер откако настапи на стадионот „Вестерн Сиднеј“ во Сиднеј, Австралија на 7 март 2020 година. Тогашната турнеја, која започна во Алентаун, Пенсилванија на 8 септември 2018 година, течеше според планот околу година и пол пред да биде исфрлена од колосек поради пандемијата.

А во средата, Џон (74), роден Реџиналд Кенет Двајт  изгледаше енергично кога тој и неговиот бенд ја изведоа почетната нумера Bennie And The Jets, како отворање на концертот.

Ss1

Можете да прочитате

На која возраст треба трајно да се престане со алкохол?

Филмови, игри и забава за деца преку платформата Cinesquare

Фајненшл Тајмс му дозволи на ЧатЏПТ да ги користи неговите написи за обука