Утрински Весник
Свет

Компанијата на Трамп обвинета за имама – Иванка Трамп и нејзиниот брат одбија да сведочат

Компанијата на Трамп обвинета за имама – Иванка Трамп и нејзиниот брат одбија да сведочат

Доналд Трамп Џуниор и Иванка Трамп, децата на поранешниот претседател на САД, одбија да сведочат во истрагата за наводна измама во врска со бизнисот на компанијата на нивниот татко.

Обвинителството на државата Њујорк, Летити Џејмс, на 1 декември им подели покани на 44-годишниот Доналд Џуниор и 40-годишната Иванка, со покана од самиот републикански претседател.

Џејмс отвори истрага во 2019 година тврдејќи дека Трамп, пред да стане претседател, ја лажирал вредноста на својот имот кога барал заеми.

Трамп возврати со тужба против демократот Џејмс за да ја блокира нејзината истрага, обвинувајќи ја за „политички прогон“ и „лов на вештерки“.

Адвокатите на Трамп се обидуваат да ја спречат да ги испрашува неговите деца со ова „противуставно невидено барање“, пренесува Би-Би-Си.

Канцеларијата на јавниот обвинител Џејмс го испрашала синот на Трамп, Ерик, во октомври 2020 година, според „Њујорк тајмс“.

Можете да прочитате

Во Аргентина стапката на сиромаштија достигна 32,3 отсто во првата половина од 2026 година

Пезешкијан: Одлуката за ставање крај на војната е во рацете на САД

Арапските партии дисквалификувани од изборите во Израел, одобрено учеството на крајнодесничарската „Оцма Јехудит“