Утрински Весник
Скопје

Герасимовски: Паркот во Градски ѕид добива 90 нови садници, детско игралиште и теретана на отворено

4 9.jpeg

Паркот зад „Краш” во Градски ѕид добива нов изглед. Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, денеска изврши увид во работите на терен, каде што се уредува зеленилото и се довршуваат содржините за одмор и рекреација.

Веќе се поставени системот за наводнување и тревната површина, а во тек е садењето на 90 нови садници и дрвја. Меѓу нив има јапонски украсни цреши, индиски јорговани, украсни сливи, јапонски јавори, атласки кедри и сини смреки. Се засадуваат и рози, лаванда, декоративни грмушки и други цветни растенија.


„На граѓаните им ветивме дека овој простор ќе стане уреден парк во кој ќе сакаат да поминуваат време. Денес тоа ветување го остваруваме. Садиме нови дрвја, уредуваме место за игра и рекреација и создаваме пријатно зелено катче среде Градски ѕид”, изјави Герасимовски.

Во паркот се доуредуваат пешачките патеки, а поставени се и нови клупи и канти за отпадоци. Просторот ќе има и ново детско игралиште и теретана на отворено, за да можат да го користат граѓани од сите возрасти.

Можете да прочитате

Герасимовски: Среќен почеток за најмладите ученици, првачињата од Центар ја дадоа свечената заклетва

Тезгите на Бит пазар одат во историјата

Во Булачани, Раштак, Брњарци и Виниче водата била неисправна и небезбедна за пиење, а Општина Гази Баба не ги известила жителите