Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Јорданов: Не ми беше дозволено да го посетам првото новороденче за 2022 година

Јорданов: Не ми беше дозволено да го посетам првото новороденче за 2022 година
Img 7972

Еден убав настан, се претвори во политичко препукување и реваншизам!

Наместо првото новороденче за 2022 година да донесе општа радост и да ги сокрие фрустрациите на Директорот на Клиничката болница, во најлош облик го откри нечовечкото во него, напиша на својот фејсбук профил Градоначалникот на Штип, Иван Јорданов.

Иако уредно најавени, со одобрение од дежурниот доктор и родилката, со традиционални подароци за првата среќа во нашиот град за оваа година, сепак по наредба на директорот, некултурно и дрско бевме оставени пред вратата на Акушерското одделение.

Односно, наместо раководните лица годинава да смислеа како да се заврши Клиничката болница, наместо да внимаваа да не се изгубат парите за неа, очигледно повеќе енергија трошат како да унесреќат уште еден недолжен сограѓанин и во најсветлите моменти за него, додаде Јорданов.

Можете да прочитате

Филипче: Глас за Дејан Глинџарски е глас за Делчево да продолжи да се развива

Променливо облачно со повремен локален дожд

Кампањата за локалните избори влегува во втората недела